Инфо за Млади
191

Халкбанк АД Скопје има потреба од Референт за банкарски операции

Халкбанк АД Скопје е еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од нашата визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи го нудиме насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали.

Согласно тековните потреби од нововработени лица во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за следната работна позиција:

Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа:

  • прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и благајнички операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Без работно искуство;
  • Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик се смета за добредојдено;
  • Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
  • Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
  • Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива;
  • Способност за тимска работа;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Познавање и активна примена од MS O•ce алатките.

Бенефиции:

  • Основна нето плата од 28,500 денари (за кандидати без претходно релевантно искуство);
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Динамична работна средина;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.

Активен до: 20.08.2023

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави