Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕОХРИД СЕГА
214

„Further step to youth work“

Од 21 до 24 март 2023, во Струга, се одржа Обука за запознавање со работата и методите на младинските работници. На оваа обука присуствуваше Иво Ристески, младински работник во МЦО.

„Further step to youth work “ – Сертифицирани обучувачи од Maison Pour Tous Léo Lagrange Cherbourg-Octeville, Нормандија ги пренесоа искуствата од младинска работа кои се применуваат во Франција, а учесниците имаа можност да се стекнат со знаењата и вештините за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.

Обуката ја спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на соработката Македонија – Нормандија, Франција, со поддршка на градот Ифс и Општина Гази Баба.
Musique Expérience

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави