Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ објавува повик за млади новинари – практиканти при подготовка на теми наменети за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија.
Повикот е наменет за млади луѓе до 30 години кои се новинари на почетокот на кариерата, студенти по новинарство, студенти на општествени науки или млади кои имаат желба да се занимаваат со истражување или медиуми.
Целта на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Ангажманот на практикантите е со времетраење од 4(четири) месеци.
Заинтересираните треба да испратат работна биографија (CV) и мотивациско писмо најдоцна до 29.02.2024 до 16ч на електронската адреса: [email protected]
Повеќе на следниот ЛИНК.