Инфо за Млади
123

EUROTHINK: Повик за ментори на млади новинари за ЕУ

Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ објавува повик за новинари уредници кои би работеле со млади новинари – практиканти при подготовка на теми/ новинарски прилози (текстови, аудио/видео материјали) за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија.

Времетраење на ангажманот: 4 месеци во кои се очекува максимален ангажман од 15 часа неделно, односно 60 часа во текот на еден месец. Работните часови се предмет на флексибилен работен ангажман. Надоместокот ќе биде исплатен по доставениот извештај и завршениот ангажман.

 

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација и придружната барана документација  преку електронска пошта на следнава адреса: [email protected] најдоцна до 15.02.2024година до 16часот. Дополнителни информации на горенаведената ел. адреса и/или на тел. 070 245 568.

 

Повеќе на следниот ЛИНК.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави