ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:
ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
ЕУ
КРАЕН РОК:
22 јули 2023
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Проектни идеи треба да придонесуваат за постигнување на Специфичната цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ на територијалната стратегија.
Специфичната цел 1.2 се заснова на следните полиња на интервенција поврзани со туризмот:
– Мобилност и поврзување, вклучително и алтернативна мобилност;
– Брендирање и маркетинг на туристички производи во прекуграничниот регион;
– Вработливост во туристичкиот сектор, зајакнување на културно – природните локалитети и врски туризам – животна средина;
– Акции за намалување на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Право да аплицираат имаат општините, Центрите за развој на планските региони, јавни установи и институции, ММСП, невладини организации, како и академски, истражувачки и обучувачки правни субјекти.
БУЏЕТ:
минимум 500.000 евра и максимум 1.000.000 евра
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Извор: тука