МЦО ПРАЈТ
148

Едукативна работилница за Младинско Учество во МЦО

На 21 ноември во Младински Центар Охрид ја реализиравме предпоследната едукативна работилница за Младинско Учество, каде беа вклучени учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

Целта на овие работилници е младите да бидат запознаени за поимот Младинско Учество, Законот за Младинско Учество и Младински Политики и како самите да се носат со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

 

 

Ги запознавме со скалилата на младинско учество, по што се разви плодна дискусија каде младите беа поттикнати да зборуваат за своите предизвици и потреби со што истите ќе работат на нивно надминување.

 

 

Младинското Учество е нужно со цел подигнување на младинскиот стандард и подобрување на благосостојбата на младите во заедницата.

 

Повеќе фотографии на нашиот facebook профил на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави