МЦО ПРАЈТПрограмски активности
667

Едукативна работилница „Социјални медиуми“

На 30 мај во Младински Центар Охрид се одржа едукативна работилница на тема „Социјални медиуми“. Учесниците имаа можност да научат повеќе за медиумите, користењето на социјалните медиуми, како да препознаат лажни вести и влијанието врз здравјето преку постојано користење на мобилен телефон. Потоа преку дискусија учесниците ги издвоија позитивните и негативните работи од користење на социјални медиуми.

Исто така, преку неколку активности имаа можност да научат до кој степен треба да се користат социјалните медиуми, колку време од денот е доволно да посветат на нив и како да ги искористат за едукација.

На работилницата учествуваа вкупно 19 ученици од IX оддeление од ОУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани.

Целта на оваа едукативна работилница беше преку длабинска анализа и дискусија да се открие во кои насоки треба да се развијат медиумските навики на помладата полулација. Исто така да се откријат какво влијание оставаат социјалните медиуми врз младите.

Учениците покрај формалното образование кое се реализира преку наставно-образовниот процес, во Младинскиот Центар имаат можност да бидат вклучени и во процесот на неформално образование со цел да ги надополнат и доизградат знаењата.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави