”Законот за Младинско Учество и Младински Политики” е донесен на 14 јануари, 2020 година, и со истиот за прв пат се обврзуваат општините да отворат Младински центри и да ги финасираат истите.
Во Законот за МУМП се дефинираат поимите: младинска работа, младински работници и се утврдува “Младински Центар” во секоја општина со цел ставање фокус на младите и нивната вклученост во процесот на донесување одлуки, како и нивната благосостојба и понатамошен личен раст и развој и подигнување на младинскиот стандард.
На 12 октомври 2022 година е отворен Првиот Младински Центар во Охрид и единствен во земјата по европски стандарди.
МЦО во изминатиот период бележи над 100 реализирани настани и остварен директен контакт во МЦО со околу 4500 посетители.
МЦО е место во кое се реализираат програми од младите за младите, за кариерен и личен раст и развој на истите.
Дојди, биди дел and, Work on you, for you!
Ги повикуваме сите општини да пристапат кон отварање на Младински Центар во својата општина!
Повеќе фотографии на нашиот фб пост.