МЦО ПРАЈТ
124

Младински Центар Охрид ја започна Е-Кампањата за Младинско Учество

Младински Центар Охрид ја започна е-кампањата за младинско учество под мотото „Инспирирај! Иницирај! Учествувај!“
Целта на оваа кампања е младите да се запознаат со Законот за младинско учество и младински политики; учеството на младите во процесот на креирање и донесување одлуки; обезбедување поддршка на младите; активно информирање; како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога.
 Со Законот за младинско учество и младински политики се уредуваат формите на младинско организирање, учество на младите во процесот на креирање на младински политики и донесување одлуки кои се однесуваат на нив, стратешките документи на национално и локално ниво, како и активностите и мерките кои ги преземаат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа за унапредување на положбата на младите во општеството, како и информирање и заедничко планирање на активности поврзани со и за млади.
Кампањата започна со една од повеќето Форми  на Младинско  Организирање и  Претставување.
Младинска организација
Член 6
Младинска организација е секоја организација која е регистрирана согласно со Законот
за здруженија и фондации, во која највисокото тело на одлучување е составено од
најмалку две третини млади лица на возраст од 15 до 29 години и чиишто цели и
активности се дефинирани и насочени кон унапредување на интересите на младите Младинска Организација.
May be an image of text that says 'младински центар охруд член 6 младинска 小 организацила e Tarrn учествувал! учествува)1 иницирал младинска организација cekoja организација koja e регистрирана согласно co законот за здруженија и фондации, во koja нависокото тело на одлучуване e намалку две третини млади лица на возраст од 15 до 29 години и чиишто цели и активности ce дефинирани и насочени унапредуване на интересите на младите. составено од кон сега pramaime закон за младинско учество u младински политики општина'
Тагови:

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави