МЦО ПРАЈТ
225

Е-кампања: Национална стратегија за млади

Според Законот за младинско учество и младински политики во делот на ПОЛИТИКИ ЗА МЛАДИ е дефинирано дека Национална стратегија за млади е стратешки документ со кој се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на младинските политики и унапредување на интересите на младите и се утврдуваат организациски, финансиски и административни мерки за нивно остварување.
 
Националната стратегија за млади ја изработува Агенциjата за млади и спорт низ консултативен, инклузивен и транспарентен процес.
 
На следниот ЛИНК можете да ја превземете новата Национална стратегија за млади (драфт текст) 2023 – 2027.
 
Инаку „Инспирирај! Иницирај! Учествувај!“ е мотото под кое се води кампањата за Е-Младинско Учество на МЦО.
 
Законот за младинско учество и младински политики, со сите свои елементи е алатка за подигнување на статусот на младите, како на локално, така и на национално ниво.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави