КултураОХРИД СЕГА
82

„Дождови во мај“ на Даница И. Лепојевиќ | Промоција | Кафе бар Шила

Денес (06.02.2024) од 17ч во Кафе бар Шила, промоција на „Дождови во мај“ на Даница И. Лепојевиќ.

Топлината на лирско-интимните „Дождови во мај“ на Даница И. Лепојевиќ во февруари ќе се претопи со охридските езерски бранови.

Длабоко-интимно и без задршка… Директно и отворено… Целосно ранливо и сосема храбро… На раб на лирика и еротика… „Дождови во мај“ е интерактивно четиво кое инстантно му се обраќа на читателот… Нешто меѓу книга поезија и таен дневник, зачинети со Инстаграм-содржина… Односно сè заедно. Составено е од поезија и дневнички записи во печатен формат и аудиовидео материјал поставен на Инстаграм-страница до која се стигнува со QR-кодови распоредени низ страниците на самата книга. Ова е прво дело со ваква структура и содржина во нашата земја, како и со ваква презентација пред читателот.
Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и творечкиот процес на авторката, таа ги поканува читателите директно и длабоко во нејзиниот интимен „дом“, нудејќи ги сите медиуми на негово искусување – зборот и чувството, цртежот, фотографијата и видеото, звукот и наративот.
Карванот на уникатното презентирање на емоциите на авторката Даница И. Лепојевиќ во форма на промоција на ова нејзино иновативно, интерактивно и хибридно дело во февруари доаѓа во Охрид.
Книгата ќе ја промовираат Марина Икономова Шокева, поетеса и Мерсиха Исмајлоска, книжевник. Стихови ќе читаат поетесата Маја Мојсова и Марија Илиевска Тодоровска. Секако, ќе чита и ќе говори и онаа што се радува најмногу на ова – самата авторка.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави