ОХРИД СЕГА
411

Дискусија за зајакнување на локалниот совет на млади

На 23 јуни, во Младински Центар Охрид се одржа дискусија „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики“ #TeamEurope.

Настанот беше во организација на Europe House Скопје, Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.

 

На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите дискутираше за перспективите на локалната младина и сите потреби и предизвици, како и за начинот на делување на Локалниот совет на млади во Охрид.

По завршување на официјалниот дел на настанот, амбасадорката Тигањ оставари средба со градоначалникот Кирил Пецаков на која се разговараше за потребите и предизвиците на младите во Охрид,  можноста за воспоставување на соработка на Охрид и градот Дубровник, како и за неколку теми и проекти од заеднички интерес на двата града.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави