Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид од денес до 28 јули во селото Трпејца ќе се одржи културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.
Денес, четврток 20 јули, на настанот, приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
Во петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видео презентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.
Викендот е резервиран за документарни филмови. Во сабота навечер публиката ќе го гледа документарно – туристичкиот филм „Трпејца на дланка“ работен по сценарио на Милчо Јованоски.
Следната вечер од 20:30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.
Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.