ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ има потреба од Магационер.
Одговорности и задачи
- Прием на роба во магацин и водење евиденција за истото
- Соодветно складирање, чување на производите во магацинот и коморите, како и издавање на производи од магацинот по принципот FIFO
- Редовно и комплетно пополнување на документацијата за магацинското работење
- Планирање и подготовка на нарачка на производи и намирници во координација со шефот на кујна и раководителот
- Манипулација на робата во магацините и следење на рокови
- Подготовка и достава на производи/намирници до кујната
- Писмена евиденција за влез и излез на роба согласно имплементираните стандарди
- Утовар и истовар на роба
- Грижа за правилно складирање, чување и манипулација со производите, согласно ДПП
- Грижа за магацинските простории, нивно подредување и уредување
Потребни квалификации:
- Место на живеење Охрид, Струга и нивна околина
- Минимум средно образование
- Работно искуство најмалку 3 години
- Иницијативност
- Одговорност, точност и навременост
- Организациски способности
- Активна возачка дозвола Б-категорија ќе се смета за предност
Услови за работа
- Работа само во прва смена, 40 часа неделно, од понеделник до петок
- Интерна обука од страна на компанијата
- Стимуланси и бонуси согласно годишните евалуации на платите
- Дополнителни законски исплати
- Регрес за годишен одмор
- Работа во позитивна средина
- Oбезбеден топол оброк
- Обезбеден превоз
- Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време.
Активен до: 24.06.2024
Повеќе детали на следниот линк.