Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
322

ЧЕТВРТ КВИЗ МАСТЕРС 2022/23

Македонската Квиз Асоцијација го најавува одржувањето на четвртиот Мастерс.

Град-домаќин на четвртиот и последен Мастерс за оваа сезона ќе биде Охрид, а местото на одржување на истиот е амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Настанот ќе се одржи на 7. мај од 12 часот.
Концептот на квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет, а секоја од темите е застапена со по 25 прашања. Квизот се состои од вкупно 200 прашања, односно од два дела кои содржат по 100 прашања. Во секој од двата дела се опфатени по четири од горенаведените теми. Вкупното време за решавање е два часа, односно по еден час за секој од двата дела.

Автор на прашањата е моментално водечкиот на државната ранг-листа – Бари Исени.
Котизацијата за овој настан изнесува 150 денари, додека за членовите на Македонската Квиз Асоцијација учеството е бесплатно.
Сите заинтересирани за членство во Асоцијацијата, годишната членарина која изнесува 600 денари можат да ја платат за време на Мастерсот или на следната жиросметка:
Квиз Асоцијација МКА Скопје
210075841210139

Со уплата на годишната членарина имате право бесплатно да учествувате на сите настани организирани од Македонската Квиз Асоцијација до крајот на тековната сезона.
Пријавувањето за овој настан можете да го направите преку приватна порака до фејсбук страницата на МКА или со пополнување на формуларот на следниот линк: https://forms.gle/iAM4eGqLiPsA8Ux97

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави