Како дел од настанот „Недела на млади“ кој ќе се одржи од 12 до 16 август во Младински Центар Охрид, предвидена е летна школа за гитара за сите млади кои имаат желба да ги научат основите на свирење на инструментот или да ги подобрат своите веќе стекнати вештини.
Летната Школа за гитара ќе биде под менторство на дипломираниот гитарист и наставник по музичко образование во ООУ „Кочо Рацин“ – Игор Стефановски и ќе се одржи во просториите на Младинскиот Центар Охрид со почеток во 11:00 часот, од 12 до 16ти август.
Пополнете ја пријавата подолу во објавата за да го резервирате вашето место најдоцна до 09.08.2024. Местата се ограничени!
Летната школа е БЕСПЛАТНА, а учесниците по исполнувањето на дневното присуство ќе се здобијат со сертификат.
Ги повикуваме сите млади да ни се придружат во Младински Центар Охрид за возбудлива филмска вечер на 24 јули, среда, со почеток во 20:30 часот.
Ќе го прикажеме срдечниот и добро познат филм „The Perks of Being a Wallflower “, драма за полнолетство базирана на саканиот роман на Стивен Чбоски. Овој филм не води на потресно патување низ очите на Чарли, срамежлив и интроспективен бруцош во средно училиште. Додека се движи низ комплексноста на пријателството, љубовта и самооткривањето, Чарли наоѓа утеха во неговите нови пријатели, Сем и Патрик, кои го воведуваат во светот на нови искуства и незаборавни моменти.
Без разлика дали сте љубител на книгата или сте нови во приказната, не ја пропуштајте оваа можност да доживеете филм кој прекрасно ги доловува борбите и триумфите на адолесценцијата.
Повикајте ги своите пријатели, донесете грицки и дојдете да уживате во кино и добро друштво. Филмот ќе се прикажува во конференциската сала при Младинскиот Центар. Влезот ќе биде бесплатен.
УНЕСКО го посветува Меѓународниот ден на образованието, кој се слави на 24ти јануари 2024 година, на клучната улога на образованието и наставниците во борбата против говорот на омраза, феномен што во последниве години зеде замав со употребата на социјалните медиуми, оштетувајќи го ткивото на нашите општества.
Учењето за мир мора да биде трансформативно и да им помогне на учениците да ги зајакнат потребните знаења, вредности, ставови и вештини и однесувања за да станат гласноговорници за мирот во нивните заедници.
Со таа цел, со вас споделуваме дел од пораките и размислувањата на професори од нашите локални образовни институции повод годинешната тема: „Учење за траен мир“.
Ана Коваческа – проф. по Англиски јазик
„Понекогаш на моите ученици – гимназијалци им го поставувам прашањето: „Дали според вас образованието е право или обврска?“ а тие често со кисела насмевка, преокупирани со материјалот кој го имаат за учење, одговараат дека за нив образованието е обврска, иако добро знаат дека образованието е признато како човеково право во многу меѓународни конвенции. Светот во кој се образуваат нашите деца нееднакво го спроведува ова човеково право, а колку е тоа неопходно можеме да научиме од некој кој не го уживал истото и поминал многу препреки, неправди и војни – Нелсон Мандела, кој рекол дека „образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот“. Со надеж дека светските лидери сакаат денешниот свет да претрпи промени, оваа мисла на Мандела треба да стане патоказ кон првиот чекор.“
Ѓоко Милески – професор по сообраќајна група предмети
„Наставниците вклучени во воспитно-образовниот процес имаат улога да бидат мост помеѓу општеството од една страна и децата од друга страна. Општеството со своите владини институции и прифатените правни, етички и културни норми е важно како ќе биде прифатено од страна на учениците. Многу е важно ученикот да ја доживее средината во која живее и се образува, како своја удобна зона. Успешно образование и воспитание е она, кое од денешните деца ќе успее да создаде граѓани со интегритет, кои ќе умеат да ги вреднуваат: човекољубието, хуманоста, прифаќањето и почитувањето на вредностите кај другите, без разлика на национална, верска, расна и полова различност.Наставникот има одговорност пред своите ученици да им укажува дека секоја пролеана солза еднакво боли.
Сведоци сме на воени конфликти, на многу кризни места во светот: Украина, Газа, но и многу семејно и врсничко насилство околу нас. За жал, човештвото наместо да се обедини во изнаоѓањето мирно решение, продолжува да се поделува на спротивставени табори, трудејќи се да бара аргументи, за да ја оправда агресијата на својата омилена страна во ваквите конфликти. Како наставници мораме гласно да говориме против воените и насилни конфликти, против ксенофобијата, расизмот и против говорот на омраза.
Тука гледаме колку е важен професионалниот избор на наставниот кадар, како и одговорноста на професијата наставник. Вистинскиот наставник, умее да се носи со предизвиците и аномалиите во општетството, навреме да ги препознае, да им укажува на учениците за различни ризични однесувања. Но, пред сè да биде личен пример во градењето мир и толеранција пред своите ученици. Само со ваков образовен кадар, учениците ќе се изградуваат во здрави личности и ќе знаат како да се самозаштитат од сивилото на злото, и нетолеранцијата која безмилосно го меле и го уништува светот околу нас.“
Марија Коваческа – професор по Стручни предмети во градежно-геодетска струка
„Во современото живеење, каде постојано сме соочени со големи транзициски промени, јасно е дека образованието е клучната алка во промовирањето и градењето вештини за разбирање на различните концепти на живеење, вклучително и концептот на мир, почитување и разбирање на различностите. Ако се прашуваме што можеме како наставници да направиме за да го промовираме учењето за траен мир меѓу нашите ученици, тоа би секако: Градење емпатија меѓу учениците. Негување инклузивен став во училницата, сите сме исти. Да го практикуваме меѓукултурното разбирање. Негување на физичката и менталната благосостојба на учениците. Да работиме на изнаоѓање компромиси при решавање конфликти, да соработуваме.“Нека е честит Меѓународниот ден на образованието „Учиме за траен мир“
Наум Аслимоски – професор по Историја „Сè додека важи правилото: ,,Силниот секогаш е помоќен од послабиот” историјата ќе се повторува и никогаш нема да настапи траен мир. Како што кажал Гоце Делчев: ,,Јас го сфаќам светот како поле за културен натпревар меѓу народите” и кога ќе ја сфатиме суштината на оваа мисла дури тогаш можеме да започнеме да размислуваме и работиме за воспоставување траен мир.“
Оваа објава ја завршуваме со овогодинешната порака на Одри Азулеј – Генерален директор на УНЕСКО:
„Затоа што ако омразата започнува со зборови, мирот започнува со образованието. Она што го учиме го менува начинот на кој гледаме на светот и влијае на тоа како се однесуваме со другите. Затоа образованието мора да биде во срцето на нашите напори за постигнување и одржување на светскиот мир“.
Младински Центар Охрид објавува повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.
Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетраење од 2 месеци.
Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.
Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување !
Почитувани, Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.
Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.Настанот ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов (кај Александрија), од 12ч до 14ч.
На саемот ќе учествуваат: Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.Ги повикуваме сите заинтересирани организации кои се од невладин сектор, а сакаат да учествуваат со свој штанд на саемот, да се пријават на тел.бр.: 078/413-946.
На 12 мај 2023 година, од 12:00 до 14:00 часот, во Младински Центар Охрид се одржа Саем за образование и кариера.
На почетокот пред присутните се обрати Раководителот на МЦО, Јован Цветкоски кој им посака добредојде и им се заблагодари на учесниците на саемот и ја истакна значајноста на организирањето настани од ваков тип кој овозможуваат промоција на програмите на образовните институции и ги доближуваат до младите.
Потоа го покана заменик-гардоначалникот на Општина Охрид м-р Перчо Божиновски, официјално да го отвори саемот.
Драги ученици и идни студенти,
Ми причинува особено задоволство што сум меѓу Вас на отворањето на Саемот за образование и кариера што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува во Охрид.
Денешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.
На Младинскиот центар од Охрид му благодарам за одличната организација на настанот со желба истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе поддржуваме вакви случувања
Истакна Божиновски.
На саемот присуствуваа претставници од четирите средни училишта од Општина Охрид и едно средно училиште од Општина Струга со промотивни материјали, каде ги презентираа нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.
Покрај можностите за полуматурантите на саемот учество зедоа и дел од универзитетите и факултетите, каде имаа можност да ги претстават своите програми за студирање пред матурантите. На овој саем учествуваа: Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, АУЕ – ФОН, Факултетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Градежен факултет при УКИМ.
Присутните имаа можност да се консултираат за нивните кариерни можности и надоградба од страна на лиценцирани кариерни советнци. Голема благодарност до Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК и Агенција за вработување на РСМ.
Се надеваме дека овој саем ќе прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година, а со цел младите од Општина Охрид да бидат запознаени со можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
На 12 мај 2023 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Младински Центар Охрид огранизира Саем за образование и кариера.
На истиот ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.
Исто така на саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид.
Дополнително на истиот е предвидено да има кариерно советенување од страна на лиценцирани кариерни советници и музички дел во текот на целиот настан.
Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок.
Секоја година, на 27ми март, луѓето ширум светот го слават „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области. Театрите се еден од најистакнатите начини за прикажување на уметноста, културата и традицијата низ целиот свет. Преку театарските продукции може да се подигне свеста за постојаните социјални проблеми и неправди.
Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни национални и меѓународни театарски настани, а го одбележуваат и МТИ центри и разни организации поврзани со театарот, вклучувајќи театри, театарски професионалци и универзитети. Првата порака за Светскиот ден на театарот ја напиша Жан Кокто во 1962 година, а секоја година меѓународна порака се споделува со сите луѓе.
Темата за оваа година е фокусирана на „Театарот и културата на мирот“. Тоа е потсетување дека театарот е свет простор за актерите и преку него тие можат да го споделат своето чувство за хуманост со другите. Театарот има моќ да нѐ направи подобри луѓе и ни обезбедува платформа за подигнување на свеста за социјалните прашања.