На 28 март во посета на КасарнаХаб беше австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, заедно со министерската за правда.
Голема чест и задоволство беше за Младински Центар Охрид што имаше можност за размена на ставови и отворена дискусија на повеќе теми: интеграција во ЕУ, екологија, млади, иселување на младите.
Раководителот на МЦО Јован Цветкоски и младинскиот работник Иво Ристески дискутираа за тоа како високообразовниот кадар да се задржи во државата, како да се подобрат условите за работа на квалификуваните кадри, а особено за феноменот „Одлив на мозици“ и како Австрија се справува со истиот.
Исто така се дискутираше и за тоа кои мерки се превземени во Австрија за поддршка на младинската работа и значењето на младинското учество.
Младите се иднината !