ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:
Програма за мали грантови на Комисијата за демократија за 2023 година.
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Амбасада на САД во Северна Македонија.
КРАЕН РОК:
1 јули 2023 (Очекуваните датуми за преглед се 1 март, 1 април, 1 мај, 1 јуни и 1 јули 2023 година)
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Амбасадата на САД во Северна Македонија објавува отворен натпревар за организации/независни медиуми да поднесат изјава за интерес (СОИ) за спроведување на програма (или програми) кои го поддржуваат развојот на демократските институции.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
- Непрофитни организации, вклучително и тинк-тенкови и граѓанско општество/невладини организации од Северна Македонија; и
- Независни медиуми само од Северна Македонија.
БУЏЕТ:
Од 1.000 до 24.000 долари.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…