Агенцијата Grey Worldwide има потреба од модератори и супервизори за реализирање на училишната едукативна програма од областа на личната хигиена и здравјето.
Услови:
- Модератори (предавачи) од Скопје, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Виница, Кочани, Битола, Охрид и Струга.
- Тимски соработници со истакнати комуникациски и организациски способности, педагошки вештини и со пријатен пристап.
- Предност имаат кандидатите со завршено средно медицинско образование и оние кои имаат можност за патување.
- Задолжителна диплома од една од следните области: медицина, педагогија, биологија, психологија, социологија.
- Кандидати за модератори можат да бидат и студенти од завршната година од додипломските студии.
* за Тетово, Гостивар и Скопје, потребни се модератори со познавање на:
- македонски јазик,
- албански јазик.
Работно искуство
Предност имаат кандидатите со искуство во образовната и здравствената дејност, како и кандидатите кои претходно имаат работно искуство со Агенцијата.
Опис на дејноста
- Организација и одржување на предавања од областа „Лична хигиена и здравје” пред девојчињата од основните училишта во претходно утврдени области на делување.
- Иницирање и одржување на соодветна релација со училишните авторитети на локално ниво.
- Собирање на информации на терен и обработка на истите во форма на неделни извештаи.
Активен до: 26.02.2024
Повеќе детали на следниот линк.