Инфо за Млади
193

Агенцијата Grey Worldwide има потреба од модератори и супервизори за реализирање на училишната едукативна програма

Агенцијата Grey Worldwide има потреба од модератори и супервизори за реализирање на училишната едукативна програма од областа на личната хигиена и здравјето.

Услови:

  • Модератори (предавачи) од Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Неготино, Кавадарци, Велес, Штип, Гевгелија, Струмица , Радовиш, Виница, Кочани, Прилеп, Битола и Охрид.
  • Тимски соработници со истакнати комуникациски и организациски способности, педагошки вештини и со пријатен пристап.
  • Предност имаат кандидатите со завршено средно медицинско образование и оние кои имаат можност за патување.
  • Задолжителна диплома од една од следните области: медицина, педагогија, биологија, психологија, социологија.
  • Кандидати за модератори можат да бидат и студенти од завршната година од додипломските студии.

* за Тетово, Гостивар и Скопје (дел), потребни се модератори со познавање на:

  • македонски јазик,
  • албански јазик.

Работно искуство

Предност имаат кандидатите со искуство во образовната и здравствената дејност, како и кандидатите кои претходно имаат работно искуство со Агенцијата.

Опис на дејноста

  • Организација и одржување на предавања од областа „Лична хигиена и здравје” пред девојчињата од основните училишта во претходно утврдени области на делување.
  • Иницирање и одржување на соодветна релација со училишните авторитети на локално ниво.
  • Собирање на информации на терен и обработка на истите во форма на неделни извештаи.

Активен до: 20.01.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави