ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
Да го заштити цивилниот воздушен сообраќај од дејствија на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите.
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Одговорен е да го заштити Цивилниот воздушен сообраќај од актите на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите.
- Должен е да постапува по конкретни задачи предвидени со програмата за обезбедување, упатствата и процедурите за работа за конкретната работна позиција.
- Задолжен е за спроведување на пешачака и моторна патрола во зоните на аеродромот, периметарската ограда и објектите во нив заради утврдување на нивната безбедносна и техничка состојба за што изготвува соодветен извештај.
- Задолжен е за спроведување на видео надзор и постапување согласно Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во ТАВ Македонија.
- Заштита од неовластено влегување и движење на лица во AIRSIDE и другите зони на ограничено движење преку идентификување и задржување на сомнителните лица до доаѓање на МВР.
- Задолжен е за заштита на имотот на компанијата од неовластено внесување – изнесување на предмети, опрема, делови од опрема и друг вид на имот.
- Задолжен е за надгледување на процесот на прифат и отпрема на воздухоплови од безбедносен аспект.
- Задолжен е за спроведување на безбедносен преглед на возила пред влез во безбедносно ограничените зони на аеродромот како и за спроведување на придружба на возила и на посетители во безбедносно ограничените зони на аеродромот.
- Задолжен е да врши пред- бординг контрола на патниците.
- Се грижи за состојбата на оружјето, опремата, средствата за лична заштита и за истото води и доставува соодветна писмена евиденција.
- Задолжен е за контролирање на ИД картичките, пријавување на придружувани лица во ПС за ГК Аеродром Св. Апостол Павле Охрид со цел издавање на времени ИД картички и водење на редовна евиденција за спроведување на истото.
- По потреба извршува работни задачи на Рентген Оператор согласно лиценците,сертификатите и уверенијата за работа.
- Задолжен е да изготвува дневни извештаи за спроведените активности како и извештаи за било какви нарушувања или безбедносно-интересни случки, појави и предмети кои би можеле да ја загрозат безбедноста на воздухопловното пристаниште, воздухопловите, патниците и предметите.
- Одговорен е да ги почитува сите интерни акти на ТАВ – Македонија
- Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
- Извршува и други должности и обврски по наредба на претпоставениот,согласно позитивните законски прописи
ВЕШТИНИ:
- Добра физичка кондиција
- Прва помош
- Само одбрана
- Ракување со огнено оружје
- Комуникациски вештини
- Тимска работа
- Добро познавање на организацијата
- Професионалност и одговорност
- Почитување и работна етика
- Организациски вештини и менаџирање со време
- Ориентираност кон корисници
- Англиски јазик
- Компијутерски вештини
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средно Училиште (IV степен)
- Високо образование (VII Степен) ќе се смета за предност
- Уверение за завршен А2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
- Положен стручен испит за вршење обезбедување на имот и лица (Сл.весник на Р.Македонија бр.80/99 член 8)
Активен до: 22.03.2024
Повеќе детали на следниот линк.