МЦО ПРАЈТПрограмски активности
335

Средби со Граѓански Сектор, Младински Организации и Организации за млади во МЦО

Младински Центар Охрид  како свој прв чекор – промоција на центарот, иницираше средби со сите младински организации кои делуваат во Охрид.
Се остварија средби во МЦО со цел претставување на работата, делувањето и функцијата. Што нуди самиот центар, како и неговата мисија и визија.
МЦО понуди простор за работа, друба и креирање, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани, идеи и слично.
Секоја една организација/здружение беше запознаена со оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност,  вработување и претприемништво, кои се есенцијални засекој млад човек, како и за едно просперитетно опкружување, на кои самиот МЦО става акцент.
Организациите имааа можност одблиску да се запознаат со идејата и функција на центарот,  со тимот на МЦО каде во иднина може да најдат сојузници за реализација на свои идеи, предлози и проекти.
Некои од организациите веднаш, на самата првична средба дадоа идеи и предлози, кои можат да ги реализираат во МЦО.
Организациите иницираа потпишување меморандум за соработка.
Дел од организациите со кои беа остварени средби се:

1.  „Порака Нова“;

2. ИО „Пионер“ ; 

3. „Енхелеус Лихнидос“;

4. Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина – Регионален Зелен Центар Охрид;

5. ФА „Отекс“;

6. ЛК „Креативна Верига“;

7. „Култура 365“;

8. „Orion  Youth“;

9. Здружение на родители на лицата со посебни потреби – „Тајните на моето срце“;

10. „Архрид“ – Охрид; 

11. „Младински сојуз Крушево“;

12. „American Corner“ – Струга; 

13. “SUP Club“ – Охрид; 

14. Универзитетско студентско собрание при Универзитет „Св. Апостол Павле“ – Охрид;

15. Факултетско студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство (УКЛО) – Охрид;

15. Ученичка заедница при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид;

16. Ученичка заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид; 

17. Ученичка заедница при ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“ – Охрид.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави