Програмски активности
233

Тимот на МЦО во посета на “ОУТУ – Ванчо Питошески”

Младински Центар Охрид  беше во посета и на средното стручно училиште “ОУТУ – Ванчо Питошески”, каде повторно имаше средба со ученичката заедница како и со психолог Даница Скрческа  со цел да се информира секој еден средношколец за работата и постоењето на МЦО, за локацијата, делувањето и како да најдеме заедничка точка на делување.
Се споменаа оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност и вработување и претприемништво и кои се есенцијални засекој млад човек, како и за едно просперитетно опкружување.
Средношколците, т.е ученичката заедница на “ОУТУ – Ванчо Питошески” имаше можност одблиску да се запознае  како со идејата и самата функција на центарот, така и со тимот на МЦО каде во иднина може да најде сојузници за реализација на свои идеи, предлози и проекти.
Учениците покажаа интерес и воедно беа дел и од настани кои следеа во просториите на МЦО.
Се иницираше и потпишување меморандум, и се со цел за бенефиции токму за средношколците.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави