Повод 8ми Март во Младински Центар Охрид се одржа првата трибина „И јас сум од Кочо Рацин“. Говорници на трибината беа М-р Ангелина Митреска – Директор на развој во Makitel и магистер по електротехника и информациски технологии и наставник Бобан Блажески (историја).
Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска која говореше за значењето и модерната улога на жената во нашето општество. Потоа пред учесниците говореше наставникот по историја Бобан Блажески кој направи една историска ретроспектива на борбата за правата на жените.
М-р Ангелина Митреска говореше за предизвиците со кои се соочуваат жените во сферата на електротехниката, предрасудите кои постојат во однос на поделбата на професии, но и за нејзиниот пат до успехот и развојот на кариерата.
Почнувајќи од денес Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид секоја недела ќе организира мотивирачки трибини.
Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.
Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.