2024 – ПОВИК ЗА ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ „ПРОМОЦИЈА НА БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА“

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се распишува повик до сите основни и средни училишта за вклучување во активностите на проектот.

ЗА ПРОЕКТОТ:

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци,  го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Цел на проектот: „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во рамките на 26 основни и 24 средни училишта“.

Проектот се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ:

На повикот може да се пријават сите општински основни и средни училишта, вклучително и средните училишта при Град Скопје.

Со повикот ќе се селектираат 13 основни и 12 средни училишта со кои ќе се потпишат Договори за соработка за периодот октомври 2024 – август 2026 година.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ПОВИК:

Сите информации поврзани со тоа што вклучува проектот, кои се очекувањата од партнерските училишта, критериумите за избор и начинот на пријавување се содржани во документот на следниов линк: Повик за основни и средни училишта за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ .

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Сите заинтересирани основни и средни училишта може да се пријават на електронски начин за вклучување во проектот со пополнување на Пријава за вклучување на училишта во проектот. Заедно со пополнетата пријава, потребно е да се приложи Писмо за Потврда за пријава на училиштето и Писмо за поддршка од Општината.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Крајниот рок за пријавување за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е:

02 октомври 2024 година, до 23:59 часот

Заинтересираните училишта може да испратат прашања поврзани со повикот најдоцна до 27 септември 2024 година на [email protected].

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави