МЦО ПРАЈТ
435

Во МЦО одбележани 2 јубилеи: 31 година АРМ и 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“

На 17 август, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа трибина по повод Денот на АРМ и Денот на првата единица на АРМ, односно 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ и 31 година од формирањето на АРМ.

Овој настан беше во организација на Младински Центар Охрид и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста Охрид.

Прво присутните ја разгледаа Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада која се наоѓа на приземјето во касарната.

Потоа следуваше трибината на која говореа:

  1. Пол. Павле Момировски – формирање на шестата пешадиска бригада Охрид (интегрирање во АРМ)
  2. Заставник Сенај Идризоски – обезбедување на државната граница (превземање на караулите и формирање на гранични единици)
  3. Пол. Кемо Ѓозо – интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ (мотив и елан на младите старешини за формирање на единиците на армијата)
  4. Пол. Добре Вељаноски – формирање на првата единица на касарната во Охрид и интегрирање на старешините од поранешните републики во македонската армија.

По звршувањето на трибината следуваше проекција на видео инсерт од формирањето на АРМ – првата заклетва во Касарна Охрид. На видеото можеше да се види како во охридскиот гарнизон е пречекан тогашниот министер за одбрана на Република Македонија, професорот Трајан Гоцевски. Како изгледала охридската касарна каде, во 1992, свечена заклетва-обврска дале војниците-регрути од првата генерација на АРМ како и првиот регрут- припадник на Армијата на Република Македонија, Панче Јамандиев од тогашен Титов Велес. Тој бил првиот војник на новата македонска армија кој, воениот рок го започнал во охридскиот гарнизон а бил дочекан од првиот командантот на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.Тогаш, покрај министерот за одбрана на РМ, Трајан Гоцевски, присуствувал и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Митре Арсовски, командантот на корпусот, полковник Панде Петровски, пратеници во македонскиот парламент од Охрид и Струга, претставници на Сојузот на борците од НОБ, претставници од полицијата и другите државни органи, бројни граѓани и роднини на војниците.

За роденден на АРМ е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата македонска армија e започнат во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави