АВРСМ објавува јавен повик за мерка за поддршка на микро, мали и средни претпријатија[1] од приватниот сектор кои се заинтересирани за отворање на нови работни места и зелени инвестиции односно воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси преку користење на неповратни финансиски средства – грантови.
Финансиската поддршка за нови вработувања изнесува од минимум 220.000 денари до максимум 660.000 денари во зависност од бројот на одобрени вработувања:
– Минимум 1 вработување за минималниот износ на грант од 220.000 денари;
– Минимум 2 вработувања за износ на грант од 440.000 денари;
– Минимум 3 вработувања за максималниот износ на грант од 660.000 денари.
Поддршката се доделува во вид на грант – неповратни средства наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија при што ќе бидат поддржани следните видови на вложувања: набавка на нова опрема (машини, алати, опрема за обновливи извори на енергија, специјализиран софтвер, лиценци за користење на софтверот, и слични основни средства), и опрема и материјали за енергетска ефикасност.
Повеќе детали на: Огласи за активни мерки (av.gov.mk)