Инфо за Млади
254

Работник во производство – Охрид

MAGIC е бренд кој носи иновации во светот на грицки и јаткасти плодови на нашиот пазар и во регионот. Долго време работиме на истражување на пазарот и развој на производи, па затоа сме исклучително горди што можеме конечно да им понудиме на нашите клиенти и потрошувачи нешто сосема ново и квалитетно на нашиот пазар. MAGIC брендот создаден 1989 година во Охрид. Фабриката  Меџик МГ, се простира на површина од 2.400 м2, со имплементирани ХАЦЦП и ИСО стандарди и е производител и преработувач на сите видови јатки, зрнести плодови, семиња, сушени овошја, зачини и житни плодови, а Гемак Траде од 1 јули 2022 година почна со дистрибуција на овие производи на територијата на Македонија, наскоро и во Косово и Албанија. Засега на располагање  имаме 74 производи, но работиме и на  развојот на нови производи односно проширување на асортиманот. Во иднина планираме  да дистрибуираме  повеќе производи, кои ќе ги утврдиме врз основа на потребите и желбите на потрошувачите. Брендот MAGIC е дел од стратешкиот развој на Гемак Траде, дел од моќната MALIQI GROUP и претставува еден од поважните столбови за развивање на FMCG асортиманот на групацијата. Производите на MAGIC се веќе препознаени како квалитет и се дел од секојдневието на нашите  потрошувачи. Кога станува збор за производството, планираме да го зголемиме извозот во регионот, да отвориме нови пазари и да го зголемиме пазарниот удел во продавниците каде што веќе ги имаат нашите MAGIC производи. Планираме да продолжиме да инвестираме во своите производствени капацитети и на своите потрошувачи секогаш да понудиме нешто ново, квалитетно и уникатно на пазарот.

MAGIC e во потрага по нов колега, на работната позиција:
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО – ОХРИД

Работни задачи и обврски:
  • Подготвување на суровината за работа
  • Сортирање на зрнести плодови
  • Термичка обработка на зрнести плодови
  • Пакување на зрнестите плодови
Потребни квалификации:
  • Предност ќе имаат кандидатите со место на живеење во Охрид

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку копчето брза апликација, за повеќе информации јавете се на 071388969

Активен до:  18.07.2023

Повеќе  детали на:  Vrabotuvanje.com – Работник во производство – Охрид – Охрид – ГЕМАК Траде

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави