Дел од тимот на МЦО, младинските работници Иво Ристески и Ангела Митеска во рамките на промотивната кампања за Центарот, на 28 ноември ги презентираа предностите и начинот на функционирање на МЦО пред учениците во економското училиште СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид.
Учениците имаа можност да слушнат што значи Младински Центар Охрид, кога е отворен и која е неговата намена. На истите им беа презентирани и приоритетните теми во кои ќе делува МЦО.
Тимот со интерактивен пристап ги запозна учениците со мисијата и целта на Младинскиот Центар, можностите кои ги нуди, формирањето на Волонтерски клуб, како и годишната програма за работа.
*Целта на оваа промоција е да им се овозможи на ученците низ раговор и непосредна комуникација со претставниците на Центарот да добијат одговор за можностите на истиот, но и самите да се вклучат во спроведување на програмите за подобрување на благосостојбата на младите.