Инфо за Млади
659

ПОВИК ЗА ОБУКА НА МЛАДИ ПОТКАСТЕРИ

ZaSe.mk и МЕДИУМ СКОПЈЕ, со докажани професионалци од телевизија, радио и ONLINE медиуми во потрага по млади поткастери.

Не чекај, пријави се веднаш на [email protected] со дознака „Твоето мислење е важно!“.

Испрати го твоето кратко видео (до 3 минути) најдоцна до 25.12.2023 година, каде коментираш на тема од твој интерес, поставуваш прашања на соговорник или испрати кус забавен видео сегмент со кој ќе се претставиш во најдобро светло.

Предавачите ќе ги одберат 10-те кандидати со најголем потенцијал и со нив ќе работат во наредните 2 месеци.

Сите учесници на обуката ќе снимат свој подкаст, а најпопуларниот поткастер ќе добие можност да направи 12 поткаст епизоди, кои ќе бидат продуцирани, снимани и обработени во Подкаст Студио, и објавени на порталот ZaSe.mk и неговите социјалните мрежи.

Право на учество имаат лицата од 15 до 35 години.

Помладите од 18 години, треба да побараат одобрение и препорака од своите родители за да се пријават на обуката. За подетални информации погледнете го видеото или пак испратете порака на [email protected].

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави