ОХРИД СЕГА
333

Пет главни настани за петтото јубилејно издание на алтернативното културно-забавно лето на „КИ 5 до 12“

Петтото јубилејно издание на алтернативното културно-забавно лето на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ со пет главни настани. Програмата ја сочинуваат добро познатите настани кои годинава ќе бидат надополнети со уште побогати содржини, истакнаа на денешната прес конференција организаторите од „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

Некои од настаните веќе се повторуваат неколку години, но имаме и нов настан кој ќе го промовираме на крајот од оваа програма. Започнуваме викендов на 23 јуни, завршуваме на 23 септември. Покрај главната програма ќе имаме и други настани кои ќе се објавуваат со текот на времето, кои ќе бидат од „off“ програмата. Ќе прославиме на 7-ми јули, 5 години кога го направивме првиот настан. Ве очекуваме сите да дојдете и оваа година и повторно во летниот период да дадеме еден поинаков дух, алтернативно нешто на овој наш Охрид”. вели Јован Цветкоски.

Горд сум и среќен што сме дојдени до петтата година и реално да го осетиме тоа што замисливме дека ќе го постигнеме”. вели Јаков Јованоски.

Почнуваме со летното кино со автомобили на 23 јуни. На 12 јули следува староградска пловидба со ансамбл „Билјана“ насловена како „Ој, љубов, љубов“ од Канео до старото пристаниште. Овој настан имал голема традиција и во минатото и ние сега му даваме можност, спојуваме генерации. На 21 јули „Free spirit day“ во Скејт паркот каде имаме натпревар за скејтери и музички гости. На 6 август „Wake@lake“, настан кој го промовира здравиот дух и сонцето. Завршуваме со иновативен и нов настан оваа година на 23 септември „Museum mashup“ во стариот дел од градот, во рамки на кој ќе ги промовираме музеите и креативни настани на различни локации”, додаде Јованоски.

Во организацијата на настанот е и Ристе Лекоски, кој всушност заедно со Цветкоски и Јованоски започнуваат да ја реализираат идејата за алтернативно културно-забавно лето.

Првиот настан од програмата ни е летното кино со автомобили. Почнуваме во петок завршуваме во недела. Ќе бидат прикажани филмовите „Снежана на крајот умира“ во петок, „Парада“ во сабота и „Некрстени денови“ во недела. Влезот ќе биде отворен од 19:30 часот, во 20часот почнува забавата со диџеј, а од 21 до 23 часот ќе биде проекцијата на филмовите. Потоа продолжуваме со забавата. Овој настан го воведовме за време на Ковид кризата и имаше голема заинтересираност уште тогаш. Оваа година ќе биде трето издание”, додава Лекоски.

Потенцираат и дека започнале и соработка со организација од Србија која ќе биде присутна на староградската пловидба и истата ќе ја снимаат со цел да направат документарец  за самиот настан и традицијата.

Во овие пет годни сме направиле доста работи кои за среќа не остануваат незабележани. Во овие пет годнини имаме околу над 50 настани организирано само од нас и плус уште толку настани во соработка со други. Се надеваме и дека така и ќе продолжиме. Многу ни значи поддршката од охриѓани и нормално од младите да бидат дел од нашите настани и д абидат задоволни од истите”, потенцира Цветкоски.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави