ОХРИД СЕГАСпорт
306

Охриѓани се пласираа на Светско првенство во спортски риболов на крап

Екипите на „Урбан карп“ и „Болт“ од Охрид изборија пласман на Светското првенство во спортски риболов на крап. Ова е исходот по завршување на третото колко од Државното првенство во во риболов – дисциплина крап, што викендов се одржа на езерото Мавровица.

Екипата на „Болт“ во последното коло со 33 примероци тешки 170.480 грама, го освои второто место, а „Урбан Карп“ со 21 примерок и 90.060 гр. заврши на седмото место. Победник во третото коко беше екипата на Костреш од Богданци со 39 уловени примероци во вкупна тежина од 199.205 гр.

Севкупно, победник на Крапската лига по трите одржани кола е екипата на „Урбан Карп“ од Охрид со 24 бода, втора е екипата на ЦО2 од Скопје со 22 бода, исто колку што на третото место има и екипата на „Болт“ – Охрид.

Овие три екипи изборија пласман на Светското првенство со спортски риболов на крап што ќе се одржи на 20 септември на езерото Панесиер во Франција.

Екипата на „Урбан Карп“ ја сочинуваат: Кирил Марин, Јован Јолакоски и Филип Серафимоски, а „Болт“: Александар Илоски, Стефан Спиркоски и Марио Петкоски

Екипите на Бабуна од Велес заврши четврта и е резервна екипа за настап на СП, Мастери од Скопје се петти, а Фишин Индустри од К. Паланда шести. Овие две екипи се пласираа на Балканското првенство.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави