Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, Oпштина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви.
Предност за пријавување на курсевите за водоинсталатер, монтер на опрема за греење и ладење, болничари, фризери, кројач на женска/машка облека, монтер на нисконапонски инсталации и дактилографија на компјутер имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат. Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност, велат во соопштението.
Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”. Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “Кузман Шапкарев” секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.