ОХРИД СЕГА
280

Филмски викенд под отворено небо во Охрид

Започна одбројувањето до последните два настани од 4-тото алтернативно културно-забавно лето на „Културолошка иницијатива 5 до 12“.

Љубителите на добрата забава, во петок ќе може да уживаат во музичките настапи на Matej Foltz, ZeeBomb, Peco Istok & DJ 5R кои настапуваат под капата на продукцијата „@zima.ent“!

Кул револуција и рап еволуција, настанот кој го очекувавме цело лето конечно ќе се случи на 19.08.2022 од 21 часот. Ве очекуваме сите на одличен рап концерт во Касарна Охрид, велат од КИ „5 до 12“.

Влезници во претпродажба по цена од 350 денари може да се набават во Кафе Шила во Охрид и во кантина.мк во Скопје, додека на врата ќе бидат по цена од 500 ден.

Програмата продолжува во сабота и недела. со Филмски викенд под отворено небо. Автомобил – киното ќе се одржи на 20-ти и 21-ви август.

„Мирно лето“ – првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли со една од најдобрите актерски екипи на македонското глумиште во сабота, додека во недела „Тетовирање“ – еден од најкултните македонски филмови на нашите простори со актери од цела бивша Југославија, во режија на Столе Попов, додаваат од КИ „5 до 12“.

Напоменуваат дека влезот ќе биде отворен од 19:30 часот, а проекциите започнуваат во 21 часот, додека по почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави