ОбразованиеПрограмски активности
486

“Млади против корупција” – проект на Коалиција СЕГА, Si Communication и Агенција за Млади и Спорт

Ученици од основното училиште ООУ “Кочо Рацин”- Охрид на 04 ноември 2022 година се едуцираа за поимот корупција преку едукативна и интерактивна работилница во рамки на иницијативата „Зголемена транспарентност за стипендии во вистински раце!” во просториите на Младински Центар Охрид.
 
 Иницијативата ја водат младите агенти за борба против корупција за општина Охрид.
 Визија на младите агенти е да придонесат кон:
 поголема транспарентност при информирање за стипендиите за младите;
 поголема транспарентност во однос на критериуми и услови по кои се одобруваат и не се одобруваат апликациите од учениците и поголема транспарентност во однос на механизмите на известување за истите (Каде е/се објавен/и списокот/ците со избраните кандидати?).
 
Проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА” е финансиран од Австриската агенција за развој (Austrian Development Agency) преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција” на Регионалната антикорупциска иницијатива (Regional Anti-Corruption Initiative – RAI) во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC – United Nations Office on Drugs and Crime).
 Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со (Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport) и СИ Комуникации (Si Communication).
 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави