Програмски активности
637

Младински турнир во шах – ЛАСКЕР

Вo прекрасен амбиент, во просториите на Младински Центар Охрид, на 06.11. 2022
година, во чест на 7 Неоември ден на ослободување на Охрид, во организација на ШК
Ласкер Охрид, со подршка на Општина Охрид се одржа II Општинско првенство во
шах “ 7 НОЕМВРИ 2022”.

Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра
10’05. Учество зедоа 24 шахисти, меѓу кои и 3 девојки.

Најуспешен беше Љупчо Попаѓоски со 6 поени од 7 партии, втор беше Методија
Анѓелкоски со 6 поени но послаб бухолц, а тертото место го освои Александар
Алексовски со 5 поени и најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени
Даниел Нунески и Стојан Велкоски, шестото место го освои Ерол Су со 4 поени,
најдобар возрасен шахист 65+ беше Пандо Пурцов со 4 поени, најдобра шахистка беше
прогласена Јана Анѓелкоска со 4 поени, најдобар млад шахист роден 2008 и помлад
Михаил Николовски со освоени 4 поени.

Наградите на најуспешните им ги додели советникот од Општина Охрид, Антонио
Наумоски.

Подетални информации можете да најдета на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави