МЗМП објавува јавен повик за доделување мали грантови на младински организации и организации за млади

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за доделување мали грантови на младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина. Јавниот повик се спроведува во рамки на проектот ,,Младински активизам за позелени општини” финансиски поддржан од Европската Унија.

Шемата за мали грантови има предвидено вкупен износ од 100.000 евра и ќе поддржи 15 до 20 организации во вредност од 4.000 до 7.000 евра. Времетраењето на доделените грантови треба да биде помеѓу четири и осум месеци почнувајќи од 1 септември 2023.

 

Повикот за мали грантови е отворен до 10 јули 2023 година. 

Повеќе детали на: http://bitly.ws/IESi

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: