МЦО ПРАЈТПрограмски активности
437

Локална дискусија за потребите и предизвиците на студентите

Во Факултетот за туризам и угостителство (Иновациски Хаб) дел од тимот на МЦО, Раководителот Јован Цветкоски и младинскиот работник Иво Ристески организираа локална дискусија на тема „Потребите и предизвиците на студентите“.
 
На настанот се дискутираше за тоа колку студентите се запознаени со Законот за високо образование, кои се нивните предизвици, кои потреби произлегуваат од истите, за на крај да се предвидат решенијата.
 
Целта на оваа дискусија беше да се приберат мислењата и ставовите на студентите во однос на подобрување на функцијата на сите засегнати страни, за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на студентите во Општина Охрид.
 
Им благодариме на ФСС-ФТУ за можноста да се реализира оваа дискусија.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави