Касарна Хаб во пресрет на летната сезона организира саем за вработување за туристичкиот сектор за Охрид и Струга:
Почитувани сопственици на хотели и ресторани,
Доаѓа летната сезона, најави за туристи, а вие сеуште немате доволно персонал за вашите бизниси? Секоја година приказната е иста.
Свесни за овој голем предизвик, Касарна Хаб Охрид како центар чија мисија е да помага на бизнисите, одлучи да организира Саем за сезонски вработувања, на кој во соработка со АВРМ Охрид, училиштата и факултетите ќе ги поканиме младите да видат што се нуди и да се вработаат за време на летниот распуст.
За пријавените бизниси нудиме еднодневно бесплатно изнајмување на штанд за промоција. Задолжително пријавување на линкот: https://forms.gle/zDwJwTLBJFE6SfhB7
Повеќе инфо на [email protected] или на 071-355-844.