Локалните Младински Совети е нужно да се формираат во согласност со Законот за Младинско Учество и Младински Политики.
Општина Охрид е во чекор со ЗМУМП, и е една од првите општини што формира ЛМС.
Првиот состав на ЛМС е формиран на 12 мај 2021 година.
Актуелниот состав на ЛМС е формиран на 19 јуни со избран Претседател – Игор Јосифоски и Секретар – Стефанија Битолкоска, како и останати членови: Александар Стојаноски, Александар Бојчевски, Кети Маркоска, Петар Сарафилоски и Калина Стојаноска.
Локалните Младински Совети се линк на младите со локалните власти.
Истите се нужни за подигнување на статусот на младите на локално ниво, како и за остварување на нивните предизвици.