Течат финалните подготовки пред почетокот на Охридскиот вински фестивал. Вечерва бината е резервирана за бендот Баклава, добро прочуениот Миле Кузманоски и Дарио и неговите безвременски хитови, и познатиот бенд Куку Леле, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен диџејот РутБој.
Охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во квалитетното вино, закуските и одличниот избор на музичките перформанси. На годинешниот фестивал ќе се претстават добро познатите големи вински брендови и компании од земјата, како и некои од помалите семејни винарии. Потврдено е учество на преку 20 винарии.
Охридскиот фестивал на виното ќе трае до 24 јуни. Во петок ќе настапат „Лугер“, „Брас брадрс“, „Бекдор бенд“, како и „Нокаут“, а во сабота охриѓанецот Александар Јосифоски, „Фитс анд инвизиблс“.
Фестивал ќе се одржува на Кејот „Македонија“ на платото пред хотелот „Палас“.