Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
118

АВРСМ упатува ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ до невработените лица

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработените лица

  • Се повикуваат невработените млади лица до 29 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство да аплицираат  во мерката 5. Практикантство
  • Мерката 5. Практикантство обезбедува за период до 3 (три) месеци кај работодавачите стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места
  • За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката 5.Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно   (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход)  за периодот за кој се извршува практичната обука.
  • Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници
  • Правата и обврските помеѓу АВРСМ  и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Повеќе детали на:  Огласи за активни мерки (av.gov.mk)

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави