Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
178

АВРСМ објавува ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ до евидентирани невработени лица за вклучување во обуки за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до евидентирани невработени лица за вклучување во обуки за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.2 – Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување. Невработените лица потребно е да имаат завршено минимум основно образование.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимањa:

– Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза

– Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

– Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

– Неговател за стари и немоќни лица

– Неговател за лица со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа

– Неговател за деца со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа

– Личен асистент за лица со попреченост

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

Повеќе детали на: Огласи за активни мерки (av.gov.mk)

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави